Грција ќе гради нови населби за бегалците
Изградба на нови населби за бегалците, со куќи наместо шатори по моделот во Елеонас ќе започне кон крајот на јуни, а поголемиот дел од привремените објекти за сместување ќе бидат урнати во септември, изјави грчкиот министер за миграциска политика, Јанис Музалас во интервју за јавниот радиодифузен сервис ЕРТ.
Тој додаде дека распределбата на бегалците во Грција ќе се врши врз основа на географски и податоци за населението.
Музалас истакна дека следен приоритет на Владата е трансфер на бегалците од поранешниот аеродром во Елинико. Тој објасни дека постапката за азил е во тек, додавајќи дека секој ден се разгледуваат по 50 случаи. Министерот рече дека има долги одолговлекувања во сместувањето на малолетни лица без придружба и вети дека до крајот на јуни ќе има уште 800 нови места за сместување.
Тој рече дека е задоволен од напредокот во справувањето со бегалците со оглед на тоа што во Грција пред една година немаше никакви објекти за сместување, а требаше да смести од 55 до 60 илјади бегалци кога границите се затворија.
Музалас истакна дека договор меѓу ЕУ и Турција е клучен за позитивен исход во однос на прашањето за бегалците.
- Ние ги исполнивме нашите ветувања, ЕУ и Турција треба да го сторат истото, рече тој и додаде дека присуството на НАТО не го намали протокот на бегалци, но така било договорено.
Музалас подвлече дека „западниот свет мора да усвои политика за миграцијата“ затоа што миграцијата ќе трае долги години поради војните, сиромаштијата и климатските промени.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари