Балкан
10. February 2016 - 12:57

Грчките земјоделци продолжуваат со блокадите на границите

Грчките земјодлеци денеска ќе ја блокираат грчко-македонската граноца кај Евзони од 13 до 15 часот и од 20 до 22 часот по локално време (од 12 до 14 и од 19 до 21 часот по средно европско време), јави дописникот на МИА од Атина.

Според грчката државна агенција АНА-МПА, граничниот премин кај Дојран ќе биде затворен од 18 до 22 часот по локално време (од 17 до до 21 часот по средно европско време). Граничниот премин Ники (Меџитлија), како што беше претходно јавено, денеска е затворен од 11 до 23 часот (од 10 до 22 часот по средно европско време).

Преминот Промахонас на грчко-бугарската граница во моментов е отворен, а повторно ќе биде блокиран во 15 часот (14 часот), па се до 10 часот (9 часот) утре. Преминит Ексохи на грчко-бугарската граница бил отворен доцна синоќа, но денеска од 11 часот (10 часот) повторно е затворен.