Балкан
24. September 2015 - 10:00

Грчкиот заменик-министер за транспорт поднесе отставка неколку часа по именувањето

 

Грчкиот заменик-министер за транспорт Димитрис Каменос, член на Независни Грци поднесе оставка само неколку часа откако беше именуван на функцијата.

Каменос изјави дека ја напушта функцијата по скандал во врска со навредливи пораки на негиот профил на Твитер.

Одлуката е дадена откако премиерот Алексис Ципрас побарал од лидерот на помалиот коалициски партнер Независни Грци да ја провери автентичноста на неколку расистички и хомофобски коментари објавени на страницата на новиот заменик-министер.

Каменос објави извинување наведувајќи дека неговиот Твитер профил го раководат 15 негови соработници, а изрази сомневање дека е извешен и хакерски напад.