Балкан
27. October 2015 - 9:29

Грчкиот заменик министер за финансии доби заканувачко писмо со куршум

Грчкиот заменик-министер за финансии Трифон Алексијадис вчера добил писмо, во кое е спореден со соработник на германските сили, кои ја окупираа Грција во Втората светска војна, придружено со куршум во коверт, соопшти Министерството за финансии.

Алексијадис ги нарече испраќачите на писмото „фашистички психопати“. Тој додаде дека тоа што го сториле му дава повеќе храброст да се бори против избегнувањето даноци и против корупцијата.

Во писмото се упатува закана дека тој и неговото семејство ќе разберат што е страв. Тоа е потпишано со црвена ѕвезда од непозната група, чие име во слободен превод значи „Црвена фракција“.