Балкан
23. July 2015 - 8:56

Грчкиот Парламент го усвои вториот пакет мерки неопходни за почеток на преговори со кредиторите

Грчкиот Парламент го усвои вториот пакет мерки за реформи, што беше условот за почнување преговори со меѓународните кредитори, соопштија светските агенции. 

Законот предвидува измени во граѓанско-процесниот кодекс, насочени кон тешките и предолги процеси, мерки за продажба на тендери на недвижните имоти на должниците од хипотекарните кредити, како и интегрирање во грчкото законодавство во директивите на Европската унија за заздравување на финансиските институции.

Во иднина при банкарски крах првиот удар ќе биде врз акционерите.

Законот за банките повтроно ги гарантира депозитите до 100.000 евра, а вложувачите со активи над 100.000 ќе учествуваат во евентуалното рекапитализирање на финансиската институција што западнала во проблеми, исто како и акционерите.

Документот беше усвоен со 230 гласа „за“ и  63 „против“, а петмина гласаа воздражно и двајца отсуствуваа од работата на 300-члениот грчки Парламент.

Премиерот Алексис Ципрас беше принуден да смета на поддршката на проевропската опозиција по бунтот во неговата радикална партија СИРИЗА.

Признавајќи ги  направените грешки, пред гласањето, Ципрас повторно пред пратениците ја изрази својата гордост од тоа што се борел за клучните интереси на Грција, на пример, за простување на долгот. Тој, исто така, посочи дека ќе се бори да се гарантира дека реформите да бидат што е можно поправедни.