Бизнис
19. May 2017 - 19:49

Грчкиот парламент го усвои новиот пакет мерки за штедење

Грчкиот парламент доцна синоќа ги усвои новите мерки за штедење, со кои повторно  ќе се кратат пензиите, а ќе се  зголемуваат  даноците.   Пакетот мерки беше неопходен за Атина  добие нова транша од меѓународните кредити. Земјата се надева и на отпишување на дел од долгот.Во наредните две години пензиите ќе се намалуваат за 18%, даноците  ќе растат од 2020 година. Ќе се отпуштаат работници во јавната админситрација, ќе се кратат платите.

Договорените мерки ги бара ММФ и тоа е општопознато. Јасно е дека таквата политика  не е наш избор. ММФ  е тој кој од нас бара во потполност да ги исполниме нашите обврски, во спротивно нема да ни го одобри пакетот помош, така што ќе ги примениме усвоените мерки само ако и тие ни го олеснат долгот.

Пред зградата на грчкиот парламент синоќа се собрале над 10 000 лица да протестираат против усвојувањето на новите економски мерки. Демонстрантите се судриле со полицијата на што тие одговориле со солзавец. Протестите на незадоволните граѓани не престануваат на улиците во Атина и Солун.

Очекувањата на надлежните се дека со новите мерки ќе се заштедат околу 4,5 милијарди евра. Грчката влада се надева дека со усвоените реформи Еврогрупата ќе ја одблокира следната транша од третата програма за помош.

Земјата во јули треба да исплати повеќе од 7 милијарди евра од доспеаниот долг.