Бизнис
10. August 2015 - 8:26

Грчки весници: Во следните 24 часа се очекува процедура за ратификација на договорот со кредиторите

Во следните 24 часа се очекува да биде склучен новиот договор меѓу Грција и нејзините кредитори и да почне процедура за внесување на документот во парламентот за ратификација, објавуваат денеска грчките весници.
 
Заедно со договорот, Владата во Атина сака да го внесе на гласање и нацрт-законот за економските мерки договорени со кредиторите.
 
Во текстот на договорот се вклучени реформите што Грција треба да ги реализира до крајот на 2015 година како и политиката на Владата за следните две години во одност на економските мерки.
 
Весникот Вима објавува дека тоа се случува во момент на нејасност поради несогласувањата во владејачката Сириза од новите економски мерки.