Бизнис
8. јуни 2017 - 20:09

Грчки Актор казнет со 50 милиони евра за измама при изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица

Грчки Актор казне за перење пари и измама за изградба на автопат во Македонија, пренесуваат грчките медиуми.

Грчкото обвинителство за корупција ја казни градежната компанијат со 50 милиони евра.  Според обвинителството измамата е против интересите на унијата.

Европската канцеларија за борба против измами во истрагата за случајот откри дека во периодот од 2012 -2013 година се префрлани пари во готовина наменети за плати кои не им биле исплатени на вработените  во фирмата туку кај трети лица или пак се користеле за зголемувањ на вредноста на проекто, пипуваат грчките медиуми.

На почетокот на годинава и српските медиуми јавија дека српскиот дел од Коридорот 10 нема да биде готов  до крајот на годинава како што било планирано, поради прекин на градежните работи од страна на Актор. Како што пренесуваат српките медиуми и сметката на фирмата била блокирана една година за десет милиони евра.

Автопатот Демир Капија – Смоквица почна да се гради во септември 2012 година. Со неговата изградба треба да се скрати времето на патување и да се овозможи поголема безбедност во сообраќајот.

Поголем дел од автопатот е завршен. Комплетно е асфалтиранана трасата  долга над 28 километри. Останува само да се спроведе електрификација, сигнализација и да се постави уште дел од заштитната ограда. Станува збор за едне од најкрупните инфратуктурни проекти кои се реалзираат во земјава. Вкупната инвестиција е 270 милиони евра.