Балкан
17. August 2017 - 10:15

Грчката Влада објави мерки за санирање на штетите од пожарите

Владата во Атина објави мерки за надминување на загубите од катастрофалните пожари во земјата, јавија грчки медиуми.

Мерките, усвоени на седница на Владата, предвидуваат да се спроведе итна регистрација на штетите, сопствениците на домовите и компаниите, уништени од огнената стихија да бидат ослободени од даноците, да почне изградба на хидротехнички објекти и зајакнување на терените за спречување поплави, опожарените земјишта повторно да бидат засадени со шумски растенија и да се забрани пасењето и сите други активности во тие региони.

Владата оцени дека државниот апарат дејствувал мошне добро и покрај стотиците пожари, кои избувнале во различни региони на Грција.