Свет
28. September 2017 - 10:18

Грчката крајбрежна стража спаси 25 мигранти

Грчката крајбрежна стража спаси повеќе од 20 мигранти откако бродот со кој се превезувале потона во текот на ноќта во близина на малиот остров Мегисти, во југоисточниот дел на Грција. 

Грчките власти соопштија дека едно дете кое се наоѓало на бродот починало подоцна в болница.

Крајбрежна стража соопшти дека бродот на Европската гранична агенција Фронтекс пронајде и шест лица во морето, северозападно од Мегисти. Меѓу шестмината спасени било и деветгодишно девојче кое е префрлено во болница, но подоцна починало. 

Подоцна биле пронајдени и спасени уште 20 лица. Потрагата по преживеани се уште е во тек.