Балкан
29. October 2015 - 8:57

Грчката крајбрежна стража спаси 242 мигранти

Грчката крајбрежна стража спаси 242 мигранти, откако дрвениот чамец со кој патувале потона северно од островот Лезбос. Во несреќата се удавија три лица, меѓу кои две момчиња, соопштија локалните власти. 

- Немаме претстава колкав е бројот на исчезнатите лица, изјави портпаролката на крајбрежната стража. 

Таа додаде дека се пронајдени телата на три удавени лица, маж и две деца и истакна дека потрагата по евентуалните преживеани продолжува.

Вчерашното потонување на дрвениот чамец покрај Лезбос претставува најтешката морска несреќа покрај бреговите на Грција, откако оваа година почна големиот миграциски бран.