Македонија
20. January 2018 - 19:29

Гратис гушкање во Скопје

По пауза од две години, продолжува акцијата „Гратис гушкање“.. Организацијата „Млади со љубов“ ја обнови традицијата во која нивни членови секоја сабота нудат гушкање со случајни минувачи на градскиот плоштад во Скопје.. Од младинската организација велат дека поради брзото темпо на живот, луѓето речиси ја заборавиле моќта на прегратката..

На десетгодишнината од Акцијата „Гратис гушкање“ , таа ќе го обиколи и светот.. Брачниот пар Митреви од Скопје планира на мотор да помине 100 илјади километри низ повеќе од 45 држави на сите континенти..

Прегратките на Митеви наменети за луѓето од целиот свет ќе стартуваат на 24 март – заминуваат на далечниот исток, австралија, америка, африка, европа, во Македонија планираат да се вратат во јуни идната година..