Балкан
9. September 2017 - 21:22

Грамоз Ручи избран за претседател на албанскиот Парламент

Социјалистот Грамоз Ручи, кој беше единствен кандидат за претседател на Парламентот, вечерва е избран за таа функција на продолжението на конститутивната седница на албанското Собрание.

За неговот избор гласаа 80 пратеници, што подразбира дека добил поддршка и од пратеници на опозицијата, против се изјаснија 40, еден беше  воздржан, додека останатите од вкупно 140 пратенци не гласаа.

Грамоз Ручи (66) родум е од јужниот албански град Тепелена, по занимање е наставник по биологија и хемија. Политичката активност ја почнал во 1978 година, а во тогашната Партија на трудот за околијата Тепелена до 1991 година извршувал разни функции. Во 1991 година во кабинетот на премиерот Фатос Нано бил министер за внатрешни работи. Бил пратеник во шест од девет собраниски состави. Како што е наведено во неговата биографија припаѓа на бектешката верска заедница.

Претходно, откако беа верификувани мандатите на пратениците тие дадоа заклетва.

И покрај најавите дека опозициските демократи нема да присуствуваат на седницата, пратеничката група на оваа партија беше во комлетен состав.

Според најавите, новата влада на премерот Еди Рама треба да биде изгласана на седницата в понеделник.