Македонија
20. April 2017 - 20:53

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска протестира против Тиранската платформа

Со македонски песни почна и заврши и денешниот 53-ти по ред протест За Заедничка Македонија.

Организаторите од граѓанската иницијатива и денеска повикаа да се отфрли тиранската платформа и како што велат нема да дозволат некој од надвор да ни ја растури државата. Пред собранието се обратија и неколку јавни личности.

-Народот не си оди дома, црвено-жолтото море е тука да го чува законодавниот дом, да ја брани нашата изборна волја, да го брани Уставот, суверенитетот и унитарноста, нејзиниот мултиетнички карактер. 53 дена сме на улиците за да не дозволиме некој од надвор да ни ја растури државата, да ни подметне платформа која ќе заврши со федерализација со поделба на оваа држава која ја сакаме од срце. И вчера на дожд и денес на овој ветер кој ги развева нашите знамиња, изјави Богдан Илиевски, За Заедничка Македонија.

-Еден човек ја почна политичката криза. Тој тип упорно е убеден дека ако бара помош однадвор, ќе живее поубаво внатре. Тоа нема логика, порача Виктор Петров – Викса, водител.

--Во мојата кариера имам прошетано во многу земји, но како нашата Македонија нема никаде. Македонија е срцето и душата на Балканот. Нема да дозволиме тоа срце да престане да чука, затоа што 53 дена фигуративно сите го слушаат тоа срце, вели Трајче Манев, музичар.

-Ако треба овде ќе легнеме еден по еден околу целото Собрание, ќе ја одбраниме нашата татковина. Да не се закануваат дека ние шириме омраза, ние шириме љубов кон нашата татковина, вели Ванчо Петрушевски, актер.

И на денешниот 53-ти по ред протест За Заедничка Маакедонија по скопските учици маршираа илјадници граѓани од сите генерации за како што велат против платформи од туѓу држави.

За утре одграѓанската иницијатива и преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните да се приклучат на најмасовениот собир досега на кој ќе ги објават нивните идни планови.