Македонија
13. February 2016 - 19:25

Граѓаните знаат кој работи за нив, без разлика на наметнатото од СДСМ

Граѓаните знаат кој работи во нивна корист и тоа ќе го потврдат по десетти пат на претстојните избори. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вели дека со деструктивна политика и фабрикување на афери неможе да се освои довербата кај граѓаните. Според него без разлика на атмосферата која што се обидува да ја креира СДСМ, правдата и вистината на крајот секогаш ќе победат.

Според Груевски макотрпната работа и проектите за граѓаните се најдобар одговор за тоа што работи партијата. Груевски вели дека народот им дава дополнителна и неисцрпна сила да продолжат напред со нови проекти, нови идеи и мерки за сите граѓани.