Бизнис
13. April 2017 - 19:44

Граѓаните се воздржуваат од купување станови - високите цени главна причина

Граѓаните воздржани во купувањето на недвижнини. Високата цена на становите ја намали продажбата.

Катастарот регистрира значитално намналување на бројот на трансакции на пазарот.

Околу 12 000 станови се непродадени, но и покрај тоа подолг период цената не се намалува.

Надлежните очекуваат раздвижување на пазарот,  пред се со станбените кредити по намалена каматна стапка кои ги нудат банките.

Од јануари до март годинава продадени се само 51 новоизграден стан. Запишани се вкупно 2 590 трансакции, што претставува најмал број за еден квартал откако е воспоставен Регистарот на цени.

Вклучувањето на адвокатите во договорите за купопродажба, презаситеноста на пазарот со новоградби како и непроменетите цени и покрај лошите услови на пазарот,  се главните причини за намалениот број на продажби на пазарот на недвижности.

Цената на квадратот во скопските општини без значителни промени. Стабилни остануваат и цените на становите во Куманово, Струмица и Охрид. Поскапување има во Битола.

За три месеци регистрирани се само  2 закупи на станови, и 28 на деловни простории поради што не може да се објават просечните цени на кириите..