Македонија
9. April 2016 - 16:07

Граѓаните сакаат брз излез од кризата преку избори на 5.јуни

Деструкцијата, политиката на поткопување на идентитетот и држењето на Македонија во заложништво го стопија рејтингот на Заев и СДСМ.

Последната анкета на институтот Димитрија Чуповски покажува дека Груевски има 5 ипол пати поголем рејтинг од Заев.

Во лидерот на ВМРО-ДПМНЕ веруваат 39.5% од анкетираните граѓани додека во Заев доверба имаат нешто над 7%.

Најслаба поддршка меѓу македонските политичари има Радмила Шеќеринска во која веруваат само 0,4% од анкетираните граѓани

Меѓу партиите ВМРО-ДПМНЕ има над 2 ипол пати поголем рејтинг од СДСМ. Анкетата покажува дека над 39% од анкетираните граѓани би гласале за владејачката партија на изборите на 5 јуни додека поддршка на СДСМ би му дале само 15% од анкетираните.

За политичките аналитичари токму овие бројки ја даваат причината зошто СДСМ не сака да излезе на изборите на 5 јуни. Според нив, катастрофалниот рејтинг создава огромен страв на Бихаќка поради што Заев ќе стори се за да побегне од соочувањето со Граѓаните.

Тие пак сакаат брз крај на кризата во која опозицијата ја внесе Македонија.

Граѓаните не веруваат во изговорите на СДСМ дека избирачкиот список е проблем за одржување на изборите. СПоред анкетата, над 61% сметаат дека во Македонија нема фантоми и дека тоа се само изговори на опозицијата за изборните порази.

Анкетата на Димитрија Чуповски покажува и дека над 60% од граѓаните немаат доверба во Катица ЈАнева и сметаат дека таа работи по налог на домашни и странски фактори со цел да му наштети на ВМРО-ДПМНЕ а високи 65% од анкетираните сметаат дека крајната цела на ЕУ и САД во однос на политичката криза е да се смени уставното име на Македонија