Македонија
29. March 2016 - 16:40

Граѓаните препознаваат политичка конструкција во предметите на Катица Јанева

За Катица Јанева и Специјалното Јавно Обвинителство поважно е дали некој од полициските службениците опцул при апсење од тоа дали некој земал пари тргувајќи со името на државата.

Ова е коментарот на граѓаните на случајот “Тортура“ кој го води специјалното обвинителство – од каде велат оти не е спорно дека Љубе Бошковски е виновен за незаконско финансирање на изборната кампања но при постапката според нив полициските службеници по наредба на екс директорот на УБК го пцуеле осомничениот и затоа требало кривично да одговараат.

За експертите пак, овој случај е апсурден дотолку повеќе што веднаш по апсењето Бошковски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго, во полициската станица, потпишале документ на кој јасно потврдиле дека немаат никаква забелешка на полициската постапка од страна на овластените лица.

ОД СЈО рекоа дека го знаеле ова, но и покрај тоа покренуват постапка.

Бошковски беше уапсен затоа што од грчки бизнисмен земал пари на рака за незаконско финансирање на неговата изборна кампањањ. За возврат ветувал дека по изборите за само два дена ќе го смени името на државата.

Уште пред СЈО да застане во одбрана на Бошковски, граѓаните имаа негативно мислење за Катица Јанева и нејзиното обвинителство. Според анкетата на институтот “Павел Шатев“, спроведена на репрезентативен примерок од 1075 испитаници, дури 64,3 проценти од граѓаните немаат доверба во работата на Катица Јанева а 67,8 проценти сметаат дека обвиненијата за одредени функционери на власта не се издржани.

Граѓаните коментираат дека буџетот од 4 милиони евра, Катица Јанева го употребуца исклучиво за напад и уништување на државните институции, креирајќи апсурдни политички случаи кои се сведуваат на наводни пцовки.