Бизнис
21. January 2017 - 16:27

Граѓаните ги полнат штедните книшки

Рекордни заштеди на граѓаните и фирмите  од 5,2 милијарди евра во декември, регистрира  Народната банка.  Ваков пораст од 4% или од над 200 милиони евра месечно, е најголем во последниве 10 години, односно од декември 2007 та година. Вообичено, според податоците кои ги води Централната банка, депозитите да се зголемуваат по околу 10 милиони евра месечно. Од  вкупните заштеди -   3,5 милијарди евра се на  домаќинствата, додека 1,4 милијарди  евра на корпоративниот сектор. .  Само за еден месец заштедите кои граѓаните ги ставиле во банка се зголемиле за 83,5  милиони евра , или во просек домаќинствата дневно  ставале по 2,7 милиони евра на своите сметки.  Вкупните депозити кај фирмите пак, месечно  бележат пораст од  над 9% , или на годинша  основа растот изнесува 13,4%.

Во  истиот период  пораст бележи и кредитирањето.  Кај корпоративниот сектор од  2,9 % или  одобрени се кредити вредни  2,5 милијарди евра.  Домаќинствата  пак, се задолжиле со   2,1 милијарда евра.  Граѓаните  најмногу  земаат потрошувачки кредити или 1 милијарда евра. Двојно помалку или 562 милиони евра се станбени кредити . За кредитни картички одобрени се 201 милион евра , додека пак за  покривање  негативи минуси на тековните сметки. -  94 милиони евра.

Се помал е бројот на кредити за купување нов автомобил.  Само 5 милиони евра  се доделиле за оваа намена., бројка која од месец на месец бележи опаѓање