Македонија
15. March 2016 - 16:13

Граѓани го бранат Уставниот суд од вечерашниот протест на СДСМ

Граѓанската Опција за Македонија на Стевче Јакимовски, со обрач од граѓани го брани од притисок Уставниот Суд, пред кој вечерва ќе протестира СДСМ.

Јакимовски вели дека тие за разлика од СДСМ не го притискаат Судот како да одлучи во врска со законот за помилување.

Општинските организации на СДСМ вчера најавиа дека вечерва ќе го запалат уставниот суд. Јакимовски вели дека не очекува двете групи физички да се судрат, а одговорноста за безбедноста ја преносочи кон Техничкиот Министер, Оливер Спасовски.

Од СДСМ потврдија дека во 18 часот се собираат пред владата од каде што ќе се упатат кон уставниот суд. Тие го обвинија ВМРО-ДПМНЕ дека го окупира просторот.

Вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев ги повика членовите на партијата масовно да се прилучат на протестот пред Уставниот Суд, кој официјално го организираат неколку соросови невладини организации, со цел спречување на укенувањето на членовите од законот за помилување со кои на претседателот му се ускратува правото да помилува одредени категории на осудени.

Од ВМРО-ДПМНЕ му одговорија на Заев дека тој е најмалку релевантен да говори за законот за помилување, затоа што е аболиран од екс претседателот Црвенковски.

Кога се носеше законот за помилување, во 2009тата, Социјалдемократите гласаа против со изговор дека е неуставен. Денес истиот овој закон го сметаат за уставен и се против прифаќањето на иницијативата за оценување на овој закон од страна на Уставниот Суд.