Македонија
22. March 2017 - 16:53

,,Градско дрво‘‘ се вклучува во борба со ПМ-честичките

Во центарот на Скопје поставен првиот зелен билборд за намалување на загаденоста на воздухот. Оваа инсталација именувана како “City tree”, овозможува поголем биодиверзитет, а моќноста на филтерот составен од специфични материи е еднаков на 275 дрвја. Од центарот за истражување и информирање за животната средина Еко – свест, велат дека инсталацијата е направена од голем број индивидуални саксии во кои се поставени два вида растенија кои треба да го прочистуваат воздухот.

Зелениот билборд е поставена со поддршка на германската Амбасада во Македонија. Амбасадорката Кристине Алтхаузер рече дека добриот воздух, добрата вода и чистата животна средина се подеднакво важни во секоја земја.

Ова е втора ваква инсталација за чист и свеж воздух во нашата земја. Првото ЕКО – ДРВО беше поставено вчера во Тетово.