-->
-->
Градот Скопје oфицијален партнер на проектот за унапредување на дигиталната писменост кај младите
-->
По повод официјалното започнување на проектот за унапредување на дигиталната писменост во Република Македонија - Национален MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар, кој оваа година се организира по трет пат, денеска се одржа прес-конференција во салата на Советот на Град Скопје. На конференцијата за медиуми се обратија градоначалникот Петре Шилегов, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, директорот на Certiadria, Марко Серафимовски и директорката на Семос Едукација, Валентина Тасева.
- Градот Скопје е официјален партнер на Certiadria и Microsoft Македонија во организацијата и спроведувањето на еден многу значаен проект за унапредување на дигиталната писменост. Станува збор за Националниот MOS (Microsoft Office Specialist) натпревар. За таа цел, Градот Скопје во соработка со средните училишта набавува лиценци кои содржат МОС испити. Со тоа им овозможуваме на учениците бесплатно полагање на испитите и стекнување со меѓународно признат МОС сертификат – истакна градоначалникот Шилегов.
Во своето обраќање, Градоначалникот ја потенцираше важноста на поддршката што ја даваме на овој проект и дека на овој начин во изминатите две години Градот директно поддржал 750 ученици овозможувајќи им бесплатно полагање на МОС испитите.
- Во наредната, 2018 година, планирано е да набавиме четири МОС лиценци со по 100 испити и една АСА лиценца со 100 испити (вкупно 500 испити). За првпат ќе им овозможиме на средношколците да полагаат и АСА испит и со тоа да се здобијат со Adobe Certified Associat сертификат- изјави Шилегов.
Исто така, тој нагласи дека Градот го поддржува натпреварувачкиот дух на младите, посветеното учење и натпреварувањата надвор од рамките на секојдневните училишни обврски и дека инвестирајќи во подобрување на дигиталната писменост, особено преку формалниот образовен процес, се придонесува за подобрување на можностите за вработување на младите образовани кадри и подобрување на продуктивноста на работното место.
- За набавка на 400 МОС и 100 АСА испити, средните училишта на Градот Скопје во 2018 година ќе одвојат 680.270 денари. Посветени сме на поттикнување на младите луѓе, да покажат дека знаат, но и да го валоризираат своето знаење преку стекнување на сертификат препознаен и признаен во светот. Се гордееме со сите успеси постигнати овие млади луѓе, кои се доста конкурентни и на домашниот и светскиот пазар на труд- потенцираше Шилегов.
Набавката на лиценците ќе се организира преку пет средни училишта што ќе организираат групна јавна набавка, а исплатата ќе биде од средствата од блок дотацијата. Право на учество ќе имаат учениците од сите средни училишта на Град Скопје.
На прес-конференцијата присуствуваа и ги споделија своите искуства победниците од минатите натпревари коишто учествувале на меѓународниот Microsoft натпревар во САД, Марко Марковиќ и Драгана Јакимова.
Овој проект е во организација на Certiadria, а поддржан е од Град Скопје, Министерството за информатичко општество и администрација, Општина Центар, Општина Карпош, а најавена е и поддршка од многу компании кои беа партнери на проектот во изминатите 2 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово