Македонија
6. November 2017 - 16:56

Градот Скопје до 15 ноември ќе ја објави програмата против загадувањето

Од почетокот на грејната сезона, мерните инструменти покажуваат континуирано зголемување на загаденоста на воздухот.  Индексот на загадување е најалармантен е во попладневните часови, кога присуството на ПМ 10 честичките во воздухот е неколкупати поголемо од граничната вредност.

Освен во Скопје, голема загаденост на воздухот е регистрирана и во Тетово, Битола и Кичево. Од Министерството за животна средина велат дека интерресорна работна група е активно ангажирана на изнаоѓање на решенија за справување со загаденоста на воздухот, а првите мерки ќе бидат соопштени до крајот на неделата.

Од Град Скопје очекуваат тешка сезона во однос на борбата против загадувањето на воздухот. Првичните меки кои што ќе ги превземе градот за справување со овој проблем ќе бидат соопштени после 15 ноемви.

Шилегог најави и голема акција за чистење на Скопје пред да дојдат стуедните зимски денови, а за на пролет рече дека е планирано големо зазеленување на градот.