Фудбал
18. January 2017 - 9:44

Градот Неапол со ново признание за Марадона, почесен граѓанин

Легендарниот аргентински фудбалски мајстор Диего Марадона(56) го посети Неапол, за да ја одбели прославата на Наполи на 30 годишнината од првата титула во италијанското првенство.
 
 
 
Токму Марадона го предводеше Наполи до првото ‘скудето’ во историјата освоено во 1987 година, а три години подоцна и до уште една титула првак.
 
‘Малиот зелен’, како што гласеше неговиот прекар од играчките денови, со Наполи го освои и Купот на УЕФА(1989), италијанскиот Куп(1987) и италијанскиот Суперкуп(1990).
 
„Среќен сум што сум повторно тука. Неапол е мојот втор дом. Тука секогаш се чувствувам прекрасно“, рече Марадона на свеченоста во театарот Сан Карло.
 
Марадона во Наполи пристигна во 1984 година од Барселона.
 
Аргентинецот во Наполи стана „фудбалски бог“ и тој статус го има и денеска во градот под Везув.
 
Клубот го напушти во 1992 година кога беше позитивен на кокаин. Потоа играше за Севиља, Њувесл’с Олд Бојс и Бока Јуниорс.
 
„За сите нас Марадона е легенда. Кога ќе ги реши проблемите што ги има со италијанските власти ќе стане амбасадор на нашиот клуб“, рече претседателот Аурелио де Лаурентис. Во мај оваа година Марадона ќе стане и почесен граѓанин на Неапол.
 
Марадона италијанскиот суд во 2005 година го осуди заради даночна измама, заради што судот пресуди дека мора да плати околу 38 милиони евра. Но, италијанското правосудство во ноември 2011 година целиот случај го врати на почетокот заради „процедурални грешки“.
 
Две години подоцна Марадона реши да поднесе противтужба, односно да бара компензација од италијанскиот суд. Бараше околу 50 милиони евра отштета за штетата што му е нанесена во последните 10 години. Во тужбата наведува дека во тој период ја загубил можноста да потпише неколку големи договори со италијански клубови кои го посакувале за тренер, но му бил забранет пристап во Италија.
 
Напполи во моментот се наоѓа на третото место во Серија А со 41 бод, четири помалку од лидерот Јувентус. Единствените две ‘скудета’ ги освои додека Марадона беше во клубот.