Македонија
30. November 2015 - 19:49

Градот ќе гради Луна парк - Опозицијата против

Два адреналински, шест семејни и осумнаесет детски реквизити ќе го красат новиот Луна парк. Градските власти ја почнаа постапката за набавка на низа содржини кои ќе бидат дел од забавниот парк кој децении наназад го чекаат жителите на Скопје. Старите и дотраени реквизити од кои дел не се променети повеќе од 40 години ќе бидат минато, а на нивно место ќе се постават нови според сите европски стандарди.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градскотото собрание која даде поддршка вели дека почна реализацијата на проектот ветен во предизборието. 

Од друга страна опозициската советничка група смета дека е погрешно време за реализација на овој проект.

Според пресметките, набавката и монтажата на реквизитите ќе го чини градот 400 милиони денари, но според Алексовска новиот Луна Парк ќе генерира дополнителни средства во буџетот на градот со оглед на прогнозите кои велат дека на годишно ниво ќе го посетат повеќе од 200 илјади лица.