Македонија
1. March 2016 - 17:49

Градоначалникот на Велес Чадиев ја презентираше новата Индустриска зона Мамутчево

Во просториите на Општина Велес денеска градоначалникот Славчо Чадиев пред бизнис секторот ја презентираше новата Индустриска зона „ Мамутчево“, лоцирана на левата страна од регионалниот пат Велес-Штип.
 
Како што информира за медиумите градоначалникот Чадиев, Индустриската зона Мамутчево се простира на површина од 43 хектари и е најголема во поширокиот регион.
 
- Оваа Индустриска зона Мамутчево е со основна класа на намена на површини Г-(производство, дистрибуција и сервис) односно класа на немена, Г2-лесна и незагадувачка индустрија, Г3-сервиси, Г4 -стоваришта на локалитетот во месноста викана  „Кумсал“ Катастарска Општина Мамутчево, Општина Велес.А  планираме во капацитетите на оваа индустриска зона  да се вработат од две до три илјади граѓани од Велес и поширокиот регион,информира Чадиев.
 
Тој појасни дека теренот за предвидениот стопански комплекс Мамутчево е рамен и има добра инфраструктура односно се поврзува со патот за Скопје и Прилеп.
 
Бизнисмените се распрашуваа и бараа подетално објаснување за можностите и поволностите кои ги нуди Општина Велес за изградба на производствени погони во рамки на Индустриската зона Мамутчево.