Македонија
21. November 2017 - 19:32

Градоначалникот на Скопје не му верува на заменик министерот за екологија дека автомобилите не се причина за загадувањето во градот

Градоначалникот на Скопје не му верува на Заменик министерот за животна средина дека автомобилите не се причина за загадувањето во Градот.

Шилегов вели дека со Макрадули имаат заеднички средби ама не е уверен дека тој изјавил оти градскиот сообраќај не влијае врз аерозагаденоста.

Седат на заедничка маса за изнаоѓања решенија за загаденоста во Скопје ама немаат усогласени ставови за изворите на загадување. Градоначалникот Шилегов верува дека возилата имаат удел во аерозагаденоста и се сомнева дека заменик министерот за животна средина ја отфрла можноста на загадување од автомобилите.

Заменик министерот за животна, Јани Макрадули вчера изјави дека бројот на возила во сообраќајот нема придонес во енормната загаденост на Скопје.

Инаку на вчерашната седница на градот Скопје се донесе одлука за забрана на движењето автомобили на Водно во викендите како една од мерките за намалување на аерозагаденоста.