Македонија
20. February 2018 - 16:34

Градоначалникот на Радовиш ја поништи набавката на фигара за жените од Општината

Општина Радовиш го поништи тендерот за набавка на 45 производи за нега на коса фигаро со вредност од 42.300 денари  наменети за подароци на вработените по повод осми март. Поништувањето на тендерот доаѓа после силните реакции од страна на јавноста. Во објаснувањето на општината кое беше објавено на бирото за јавни набавки стои дека оваа постапка е поништена поради непредвидени и објективни околности, со што се промениле  и потребите на општина Радовиш.

Градоначалникот на општината Герасим Конзулов во телефонски разговор за Сител ги демантираше информациите дека со општински пари ќе купува подароци за вработените. Тој вели дека   за распишаниот тендерот воопшто и не бил информиран и за истиот разбрал од медиумите и затоа веднаш го поништил. Грерасимов информираше дека тие како општина подготвуваат прослава за жените од нивната и администрацијата на соседната општина Конче, но за тоа биле обезбедени средства по пат на донација од рудникот Бучим.

,, Околу триесет жени од Конче и Радовиш ќе заминат во Мелник, Бугарија. Спонзор на оваа нивна осмомартовска прослава е ,,Бучим’’ каде јас работев во минатото. Ги замолив одговорните од рудникот за спонзорство   и тие се согласија да донираат 42 000 денари кои во текот на вчерашниот ден беа уплатени, но не на сметка на општината туку на транспортната организација која ќе го реализира патувањето. ,, рече  Конзулов во телефонскиот разговор.

Тој  смета дека непотребно се нашол во центарот на медиумското внимание и  додава дека ќе бидат преземени сите неопходни  правни мерки за расчистување на случајот, а за одговорните лица во општината ќе следуваат санкции.