Живот
17. August 2016 - 11:53

Градоначалник побара укинување на „покемоните“

Фабрис Бовоа, градоначалник на француското гратче Бресо побара од создавачите на играта „Покемон го“, кој го „меша“ реалното со виртуалното, да ги тргнат овие виртуелни суштества од неговото населено место.

Бовоа го испратил своето барање до седиштето на компанијата „Нијантик“ во Калифорнија, којашто и ја создаде играта. Тој се надевал виртуалното суштество ќе исчезне од неговото гратче и така ќе се стави крај на „наездата на анархисти", како што тој ги нарече „покемони“. Секако, молбата не е прифатена.

- Кога некој сака да отвори кафеана или ресторан, тој за тоа бара соодветно решение од градоначалникот. Истото важи и за луѓето кои имаат намера да спроведат некаква дејност во таа околина или пак, да заземат дел од јавниот простор. Така што, „Нијантик“ исто така требаше прво да испрати барање, па да чека одобрување за тоа од градските власти, иако присуството на „покемоните“ во Бресо е само виртуално. Сега нив ги има дури и на паметникот на жртвите од војните. Освен тоа, играта води до опасна преокупација и занесеност кај младите, изјави градоначалникот.

По неодамнешни слични вакви поплаки, „Нијантик“ ги тргна „покемоните“ од објекти како што се американскиот Музеј на жртвите на Холокаустот, јапонскиот Меморијален комплекс во Хирошима и камбоџискиот Музеј на геноцид.

Играта „Покемон го“ го опседна целиот свет. Концептот е таков што играчите во реалниот свет, во својата околина ги бараат виртуелните проекции, кои се појавуваат на екраните на нивните смартфони, и треба да се „уловат“.