Македонија
17. December 2017 - 16:15

Градоначалниците најактивни на Фејсбук- ги слушаат ли критиките од граѓаните?

80 од вкупно 81 градоначалник користат Фејсбук во својата работа, втор на листата e Инстаграм кој го употребуваат 21 градоначалник.

Најмалку “омилен” социјален медиум нa градоначалниците во нашата земја им е Твитер, кој активно е користен од само петмина од нив.

Тројца градоначалници истовремено користат Фејсбук, Твитер и Инстаграм во својата работа, а само првиот човек на општина Ранковце воопшто не ги користи социјалните медиуми.

Користењето на социјалните медиуми од страна на градоначалниците не е веќе прашање на избор, сметаат аналитичарите, туку потреба и место на кое граѓаните ќе може секојдневно да даваат идеи за решавање на проблемите со кои се соочуваат. Како најсвеж пример ги посочуваат реакциите за загадениот воздух.

Сепак, анализата покажува дека градоначалниците се поактивни на Фејсбук споредено со пратениците и министрите.  Претходните анализи покажале дека 110 од вкупно 120 пратеници користат Фејсбук, додека 20 од вкупно 26 министри се редовно активни на овој социјален медиуми.