Бизарно но вистинито
22. February 2017 - 18:17

Градите почнале да и скапуваат: Кога хирурзите ги „отвориле“ биле шокирани од тоа што го виделе!

Ана Зигерхорн од Флорида во 2011 година од непознати причина почнала нагло да се здебелува и да ги губи говорот и видот, а нејзиниот живот за кратко време се претворил во пекол.
Лекарите не можеле да ја откријат причината за нејзината болест, сé додека не го отвориле нејзиниот граден кош и пронашле мувла!

Ана, која е инаку здрава мајка на две деца, откако добила неколку килограми повеќе, почнала да го губи видот и чувствувала огромна болка по целото тело. Осум месеци не можела да зборува. Наместо со говор, комуницирала пишувајќи пораки и на табла со креда.

Посетувала разни доктори, но никој не можел да открие која е причината за нејзината болест. Лупус, артритис, проблеми со штитната жлезда – сето тоа наскоро исчезнало како можна дијагноза.

Конечно, Сузан Колб, авторка на книгата „Голата вистина за имплантите“, истакнала дека здравствената состојба на пациентката можеби е нарушена од мувла околу силиконските импланти. Штом ѝ ги извадиле имплантите, симптомите почнале да се повлекуваат.

Ана на својот телефон сé уште чува видео на кое може да се види што се наоѓало во нејзиното тело. Таа смета дека мувлата се појавила низ годините, бидејќи содржината на имплантите истекла во нејзиното тело.

Докторката Колб тврди дека излечила стотици пациенти кои имале слични проблеми, и дека силиконските импланти треба да се менуваат на секои 8 до 15 години.