Македонија
14. July 2017 - 20:23

Градинката во Шуто Оризари која беше опожарена пред 5 месеци за година и половина комплетно ќе биде реновирана

Опожарената градинка во Шуто Оризари комплетно ќе биде реновирана за 18 месеци, најави министерката за труд и социјала Мила Царовска. Планирано е и проширување на новиот објект во кој пред пожарот беа згрижени 140 деца на предшколска возраст од оваа општина.

-Мила Царовска, министер за труд и социјална политика

Градинката изгоре до темел пред околу 5 месеци. Децата кои ја посетуваа привремено се сместени во адаптирани простории на средното училиште во населбата.