Бизнис
16. August 2015 - 16:11

Градежните парцели во индустриската зона ,,Ќојлија‘‘ распродадени

Индустриската зона Ќојлија во Петровец преполна со инвеститори. Се градат фабрики кои ќе вработуваат луѓе не само од Петровец туку и од околината.

Логистичкиот центар Квенбергер е само една од фабриките кои се градат.Вчера премиерот Груевски ја посети зоната и изврши увид во изградбата на канализационата мрежа.

Квенбергер веќе има вработено 65 лица а во иднина ќе вработи уште 80. Компанијата ќе претставува главен логистички центар и ќе ги опслужува автомобилските компании не само од Македонија туку и од Косово и Албанија. Инвеститорот истакна дека поволните инфарструктурни услови биле пресудни за инвестирање во зоната.

Градоначалникот на Петровец информираше дека поради распродадените парцели зоната ќе се прошири за 30 хектари.

Изградбата на индустриската зона Ќојлија беше предизборно ветување кое сега се остварува. Во неа покрај фабриките е планирана и изградба на хотели и бензински пумпи