Бизнис
24. February 2017 - 19:37

Градежниот сектор апелира за политичка стабилност

Градежниците апелираат политичката криза да се реши што поскоро. За секторот е потребна стабилност и предвидливост. Само така ќе се реализираат капиталните инвестиции а граѓаните ќе бидат сигурни со долгорочните планови за инвестирање, како што е купување на стан или куќа.

Изминативе години градежништвото беше двигател на економскиот раст. Последниот квартал бележи раст од 30 отсто. Во вторник Саемот за градежништво ќе ги отвори вратите за посетителите.

Новина годинава е што присутните на саемот од експерти во областа, ќе можат да се информираат за најдобрите начини за заштеда на енергија во станбените објекти.