Македонија
15. April 2017 - 16:33

Градежниците со оптимизам очекуваат зголемена работа и нови работни места

Расте оптимизмот кај градежниците. На стартот на градежната сезона, менаџерите во градежните компании се изјасниле дека очекуваат повеќе работа и зголемување на бројот на работници во слендите три месеци.

Според оценките кои раководителите на градежните компании ги дале на Државниот завод за статистика, довербата сега е за 1,3% поголема споредено со истито период лани. Економската состојба исто така ја оцениле како подобра. Во однос на последните три месеци од минатата година пак се подобрила и финансиската кондиција, а имаат и повеќе нарачки.

Оптимизмот кај градежниците главно се должи на вложувањата на државата во капиталните прокети. Изгрдбата на патишта е двигател на растот во змејата во изминатите неколку години, а годинава е планирано да се работи на рекорден број градилишта.

Според најавите, годинава ќе с еинветсира во 200 километри автоматска мрежа, ќе почне  изградбата на три нови експресни патишта во должина од над 100 километри, а ќе се работи и на 37 регионални патни правци.

Покрај инвестициите во веќе отпочнатите проекти, во нови патишта годинава ќе се инвестираат над 300 милиони евра. Токму заради ова расте и оптимизмот кај градежните компании ангажирани на изгрдба на патната инфраструктура.