Македонија
11. September 2015 - 20:11

Градежна експанзија во Скопје - Груевски во посета на општина Аеродром

Градежната експанзија на главниот град зема се поголем замав. Во сите скопски општини има најмалку по еден капитален проект од инфраструктурен карактер. Последен од нив е втората фаза од проширувањето и реконструкцијата на 3-та македонска бригада која од улица ќе стане булевар. Градежните активности официјално ги стартуваше премиерот Груевски кој беше меѓу граѓаните на општина Аеродром.

Со реализацијата на овој проект, според градоначалникот на Скопје се решава голем сообраќаен проблем во овој дел на градот.

Груевски кој цело попладне го мина меѓу граѓаните на повеќе населени места во општина Аеродром го означи почетокот и на проектот за реконструкција на улицата Руди Чајевац која е од исклучително значење за жителите на Аеродром.

Премиерот Груевски во својата посета изврши увид и на неколку тековни проекти во Горно и Долно Лисиче кои се во фаза на градба а за кои се инвестираат безмалку 22 милиони денари.