Град со две имиња и улица кои ги дели Хрватите и Босанците
Индекс - Загреб
Повеќе од 20 години поминаа од војната во БиХ, но нејзините траги и тоа како се присутни. Еден од градбите каде тоа најмногу доаѓа до израз е Горњи Вакуф, т.е. Ускопље, гратче во централнобосанскиот кантон, кое во целост е поделено на хрватска и бошњачка страна, објави телевизијата Н1.
Граѓаните се идентификуваат како „тие‟ и „ние‟, а се во ова гратче е во духот на поделбите: самиот град има две имиња, исто како и средното училиште. Во средното училиште постои кат за Бошњаците и кат за Хрватите. Во центарот на градот има улица која е невидлива граница на хрватскиот и бошњачкиот дел на градот.
„Појдов во општина да барам некои документи. Бидејќи работи една за Бошњаците, а друга за Хрватите. Кога ќе појдеш, одиш таму каде што припаѓаш‟ - вели еден жител.
„Не се луѓето, луѓето не се делат. Само на високи позиции го прават тоа‟ - вели друг жител на поделеното место.
Директорот на поделеното училиште смета дека политиката ги труе родителите, а родителите децата.
„Би сакал децата да се помешаат, секој да зборува на свој јазик, никој нема да одземе нечиј идентитет‟ - смета директорот.
„Понекогаш чувствувам тука некоја мачнина и знам дека се наоѓам на место кое е условено така да чувствувате дека не сте добредојдени и дека можете да очекувате некоја непријатност, но тоа не мора да биде така‟ - смета Аднан Гаврановиќ кој со години се обидува да ги приближи двете страни.
Во градската управа сметаат дека постојат напредоци, а дека најголема кочница е промената на луѓето кои се уште живеат во 90-тите години. За тоа време, тие кои повеќе немаат трпение да чекаат на подобар живот, го продаваат својот имот и заминуваат во белиот свет. Сите се согласуваат дека градот може многу подобро да живее, во прв ред од зимскиот туризам и земјоделието, но за тоа ќе треба да се пружи рака на тие кои живеат од другата страна на улицата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација