Македонија
21. March 2018 - 8:47

Град Скопје ќе го одбележи „Европскиот ден на уметничка креативност“

Во рамки на активностите на проектот „КРЕАРТ“ - Мрежа на градови за уметничко творештво (CreArt - Network of Cities for Artistic Creation), Градот Скопје организира голем број културни настани за одбележување на 21 Март - „Европскиот ден на уметничка креативност“. 

 - Станува збор за прв настан што се организира во Скопје во рамките на меѓународниот проект, а вакви настани истовремено ќе се одржуваат и во другите градови коишто се дел од оваа мрежа, соопштуваат од Град Скопје.

Првиот настан ќе се одржи вечер во Салон 2 во Музеј на град Скопје, каде што ќе биде отворена изложбата на дела од девет млади уметници насловена „Портали“. 

Во сабота и недела во Салон 2 во Музеј на град Скопје ќе се одржат отворени студија и едукативни работилници насловени како „Re TEX“, на коишто ќе учествуваат студенти од факултетите за редизајн на мебел со рециклирани материјали.

Во недела во Салон 2 во Музеј на град Скопје ќе се одржи и едукативна работилница за деца со рециклирање материјали (во соработка со ОУ „Максимилијан“.

На 28 март 2  ќе се одржи отворена  дебата на млади ликовни уметници со галеристи насловена како „ArtTalk“.

- Одбележувањето на Европскиот ден на уметничка креативност ќе заврши на 2 април 2018 година (понеделник),  со изложба на плакати од графичките дизајнерки Маријана Иванова и Симона Трипкова со наслов „Калеидоскоп“ во 19 часот во кафе бар „Љубов“ во ТЦ Порта Буњаковец, информираат од Град Скопје.

Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт - Мрежа на градови за уметничко творештво-   што претствува  европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на потребите што ги споделуваат европските културни институции и уметници.

Со приклучување кон мрежата на градови „КРЕАРТ“Град Скопје внесува иницијативи во културниот живот во Скопје во полето на визуелните уметности преку воспоставување нови меѓународни партнерства и размени, а истовремено  им овозможува учество на уметниците и кураторите од Скопје во програмските активности кои се оддржуваат  во  градовите-партнери во проектот.