Град Скопје ќе доставува решенија за наплата на заостанат долг за данок на имот и фирмарина
Град Скопје денеска соопшти дека во следниот период ќе пристапи кон достава на решенија за присилна наплата на заостанат долг за данок на имот и фирмарина за 2016 година.
- Се известуваат сите даночни обврзници (физички и правни лица) кои во наредниот период на своја адреса ќе добијат Решение за присилна наплата за 2016 година, веднаш да пристапат кон плаќањето на наведениот долг согласно решенијата за присилна наплата, со што би се избегнала непопуларната мерка за блокада на сметки во деловните банки, наведува Град Скопје во соопштението.
Доколку даночните обврзници кои се опоменати или им е испратено решение за присилна наплата, во меѓувреме го имаат платено долгот, треба да се обратат во Град Скопје во барака 16 со доказ за уплата на долгот за 2016 година.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори