Македонија
24. September 2017 - 11:09

Грабеж во спортска обложувалница во Скопје

Во спортска обложувалница „Спорт Лајф“ на ул. Тале Христов“ синоќа околу 21 часот две засега непознати маскирани лица со закана со пиштол, извршиле разбојништво над вработената, при што одзеле околу 30.000 денари.
 
Секторот за внатрешни работи Скопје превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.