Џет-Сет
23. February 2017 - 12:32

ГОТОВО Е: Цеца ја доби Карлеуша на суд, еве колку пари Јелена треба да и плати!

Судењето помеѓу Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша кое започна по тужба на Цеца во 2010 години конечно е завршено.

Јелена го изгуби спорот, па на Цеца мора да и плати 80.000 динари, плус судските трошоци од 113.000 динари.

Да ве потсетиме дека Цеца ја тужеше Јелена за нанесена душевна болка и удар на честа и угледот, а сето тоа по објавеното писмо на Јелена на Фејсбук во ноември 2010.

Го прочитав ова писмо и за мене претставуваше огромна навреда. Поради објавувањето имав големи проблеми во семејството. Имам син и ќерка тинејџери кои со ништо не заслужиле за нивната мајка вака да се пишува. Никогаш не сум сакала медиумски препукувања и не сум одговарала на навредите и клеветите од Јелена Карлеуша и со години ја трпевме моето семејство и јас. Овој пат одлучив да го решам проблемот преку институција која служи за тоа, изјави Цеца на суд во 2012 година.

Навредливото писмо на Карлеуша прочитајте го ТУКА!