Македонија
8. August 2015 - 13:47

Гостиварец повреден од заталкан куршум

Во серијата на оштетувања и повреди од заталкани куршуми во гостиварско, синоќа се придодаде уште еден случај во кој гостиварец имал голема среќа и поминал со расеченица на десната надлактица.

Според СВР Тетово, синоќа околу 22:30 часот, додека излегувал од автомобил, пред усгостителски објект на улицата „Илинденска“, во Гостивар. Г.Р. (42) почувствувал болка во надлактицата и почнал да крвари. Набрзо побарал помош во ургентното оддление во гостиварската болница каде му е утврдена рана, која најверојатно ја нанела зрно од огнено оружје. Повредата му била хируршки третиранапо пришто е пуштен на домашно лекување. По пријавувањето, полициска екипа излегла на терен и направила увид, но не го пронашла проектилот за кој се претпоставува дека го повредил.

За изминативе две недели во гостиварско се пријавени пет оштетувања на имот на гостиварци, а едно десетгодишно дете почина откако заталкан куршум го погоди во глава. За недозволено и противзаконско користење на огненено оружје во последниве два месеци, не е поднесена ниту една кривична пријава, а прекршчно е казнет еден жител на Долна Бањица за неовластено приредување на огномет на семејна веселба. Пукањето на свадби и други семејни веселби во гостиварско е зачестена појава, особено ова лето.