Македонија
24. July 2016 - 12:50

Гостиварец повреден од заскитан куршум

Ќ.М. (70) од село Долна Бањица, Гостиварско, вчера, додека работел на нива, бил повреден од заскитан куршум.

Како што соопшти МВР, куршумот му нанел повреда во пределот на ногата по што му е укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово, но поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.