Македонија
22. August 2017 - 16:27

Гостиварци блокираат преселба на депонијата од Тетово во Русиново

Се попречува расчистувањето на Тетовската депонија. Жителите од неколку населени места кои гравитираат околу депонијата Русино во гостиварско, доцна синоќа ги блокираа камионите кои пренесуваат отпад од депонијата во Тетово. Обвинуваат дека не се почитувал терминот за депонирање на сметот. Наместо по 23 часот, камионите се движеле во текот на целиот ден.. Населението од реонот на депонијата Русино најавиа дека блокадата ќе трае и денеска.. Од Еко Герила Тетово велат е оправдан револтот на жителите – сметаат дека е недозволиво комуналниот смет да се носи во Русино оти и таа депонија не ги исполнува стандардите за складирање отпад..

Инаку жителите на Тетово и синоќа протестираа пред локалната самоуправа поради нерешениот проблем со дивата депонија. Сметаат дека е недозволиво три дена да вдишуваат загаден воздух откако во саботата депонијата беше во пламен. Густ црн чад со неподнослива миризба се ширеше низ градот.

За надминување на проблемот со депонијата, помош најавиа државните власти. Од владата велат дека е избрана компанија која ќе работи на дислокација на комуналниот смет. Се предвидува отпадот да се пренесе на депониите Дрисла и Русино.