Фудбал
12. August 2017 - 10:47

Гостински победи на Олимпик Лион и Троја

 

Екипите на Олимпик Лион и Троја забележаа победи на гостински терен во првите две средби од 2.коло на фудбалскиот шампионат на Франција.

Олимпик Лион со 2:1 славеше проти Рен, а со истиот резултат Троа ја изненади Ница која минатата сезона заврши како трето пласирана.

Денеска и утре ќе се играат останатите осум натпревари. Двојките се: Нант – Олимпик Марсеј, Амиен – Анже, Бордо – Мец, Каен - Сент Етјен, Тулуз - Монпелје (сабота), Стразбур – Лил, Дижон – Монако и Гингамп – ПСЖ (недела).