Кошарка
1. December 2017 - 14:24

Гостински победи на Олимпијакос и Фенербахче

 
 
Екипите на Олимпијакос и Фенербахче забележаа победи на гостувањата во Шпанија, против Валенсија и Басконија.
 
Во дуелите од 10. коло на кошаркарската Евролига, Олимпијакос го победи шпанскиот првак Валенсија со 72-64, со што грчкиот тим повторно се проби на првото место на табелата.
 
 
 
 
И актуелниот европски шампион Фенербахче се радуваше на петта победа совладувајќи ја Басконија со 83-69, со што ја прекина серијата од три победи по ред на шпанскиот тим.
 
Предноста на домашниот терен ја искористија Химки во дуелот против Бамберг 82-73, Анадолу Ефес, кој со 73-68 го совлада Армани Милано, како и Макаби, кој во Тел Авив беше подобар од Жалгирис со 81-74.
 
 
 
Останатите натпревари од оваа рунда на програмата се денеска, а двојките се: ЦСКА Москва – Барселона, Панатинаикос – Уникаха и Реал Мадрид - Црвена звезда