Живот
15. February 2017 - 16:40

„Господин дисциплина“: Вака Аркан ги казнувал своите војници!

Камен тежок 18,5 килограми бил главно средство за дисциплинирање на непослушните војници во кампот на Жељко Ражнатовиќ Аркан во Ердут.

Секој припадник на аркановите „Тигри“ кој би одбил да изврши наредба и не почитувал авторитет, бил казнуван така што морал да трча во круг на касарната носејќи го овој тежок камен во рацете.

Каменот поради сето тоа го добил името „Господин дисциплина“.

аркан2

Фотографијата на каменот е објавена на Фејсбук страната „Легенди на деведесетите“.

Со оглед на коментарот кој е оставен покрај фотогафијата каменот, изгледа дека тој сега се наоѓа во станот на еден од тигрите.