Гори Инстаграм: Анастасија на Цеца меша со задникот на „Текила и лимон“ на Елена Ристеска
Македонците можеби се поделени во тоа колку им се допаѓа најновата песна на Елена Ристеска „Текила и лимон“, но затоа пак во Србија таа е огромен хит.
Тоа го потврди и ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, која токму на оваа песна игра пред огледало во еден салон за убавина, а нејзиниот пријател ја снима.
Објавата за само неколку часа има околу 100 илјади прегледи од профилот на Анастасија која пее и меша со задникот, а со тоа потврди дека ова е една од нејзините омилени песни периодов.
Имено, во коментари, обожавателите од Македонија веднаш ја означија и Елена, па се приклучија и нејзините другарки, Тијана Дапчевиќ, за подоцна и Елена да им врати со симболично срценце во коментар.
Инаку, Анастасија е една од најактивните кориснички на социјалната мрежа Инстаграм каде најчесто објавува фотографии на кои позира и видеа каде пее.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево