Македонија
20. July 2016 - 18:41

Гори автомобил кај Рамстор

Автомобил марка „Рено“ попладнево се запали на паркингот кај Трговскиот Центар Рамстор во центарот на Скопје.
 
Обезбедувањето од трговскиот центар веднаш се обидело да го изгасне пожарот, но многу брзо пристигнале противпожарните возила и го изгасиле огнот кој го „проголта“ автомобилот, пишува Курир.
 
За среќа нема повредени и не е направена поголема материјална штета.
 
Засега не се знае како се запалил автомобилот.