Македонија
7. July 2015 - 10:07

Гореше нискостеблеста шума и трева кај село Орашац

Кумановските пожарникари вчера речиси седум часа го локализираа пожарот на нискостеблестата шума и трева на површина од 20-тина хектари на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на Искрин мост, од десната страна кон село Орашац.
 
Пожарот бил пријавен во 13.35 часот, а петте пожарникари со една цистерна успеале  да го локализираат во 20.10 часот.
 
Причината за пожарот и материјалната штета што е предизвикана се уште не се познати.
 
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Дејан Илиевски, денеска изјави дека станува збор за деветта интервенција на пожарникарите од почетокот на овој месец.